Ја вративме довербата во полицијата, вели Спасовски
Во текот на вечерашното интервју за кумановската ТВ Плус, од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше побаран коментар за резултатите од анкетата на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), според кои граѓаните сметаат дека тој како министер најдобро ја врши својата работа, односно дека е министер со највисок рејтинг во Владата.
Добро е кога ќе слушнете оценка за својата работа, дали е преку анкета, или од релевантни меѓународни институции. Тоа е практично резултат на целиот мој тим, не само мој личен. Точно дека раководам и менаџирам, но важно е да имате тим кој е посветен во работата, кој има визија што треба да се направи, кој секојдневно е со проблемите на граѓаните. И, важната компонента е – транспарентноста во целото работење, одговори Спасовски.
Истакнувајќи дека анкетата од Меѓународниот Републикански Институт покажа каква е перцепција на граѓаните за неговата и за работата на МВР, министерот Спасовски рече:
Секако тоа ми причинува задоволство, но тоа е во функција на една мотивација – што е можно повеќе да бидеме мотивирани сите ние, да ги оствариме сите зацртани цели, да ги подобриме состојбите, условите за работа, да се подигне безбедноста на повисоко ниво, да се врати довербата на граѓаните во полицијата. Тоа беа целите кои ги поставив на почетокот на мојот мандат. Би рекол искрениот пристап, чесноста во работењето, одговорноста, посветеноста во работата секогаш даваат резултати. И, заклучокот е многу едноставен од анкетата – сето тоа што го правите, ако го споделувате со јавноста заедно со сите бенефити кои доаѓаат од таа работа, граѓаните знаат да ги ценат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен притвор за 20-годишникот фатен во акцијата…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…
На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Ученици од Скопје биле нападнати додека шетале…
Група ученици од Скопје биле нападнати во…