Објавено на:

„Ја игнорираа забраната за пливање“: Две лица се удавија во Бугарија

t

Две лица загинаа, давејќи се во морето во Варна, Бугарија. Силниот ветер влијаел на појавата на големи бранови, а според спасувачите на плажата, голем број туристи не го почитувале истакнатото црвено знаме ниту пак, ги слушале предупредувањата, пренесува бугарскиот портал „Труд“.

30-годишен маж се удавил додека пливал ноќе, а 12-годишно момче се удавило преку ден, но во моментот на несреќата со него не биле неговите родители, туку само сестрата којашто ги повикала спасувачите.

„Силниот ветер ја намали температурата на морето за 15 степени и создаде големи бранови. Спасивме повеќе од 10 лица кои ја игнорираа забраната за пливање“, рекол спасителот Георги Есов и додаде дека против несовесните капачи ќе бидат поднесени прекршочни пријави.

Тој исто така изјави дека за првпат во 30 години – колку што е во бизнисот, се радува на крајот на сезоната.

„Туристите стануваат се понецивилизирани – нè пцујат затоа што им ги спасуваме животите“, навел Есов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…