Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб: Хутите би можеле да ја преземат контролата врз стратешката теснина
Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска соопшти дека се повлекува од подрачјето Баб ал-Мандеб, со што контролата на стратешката теснина би можеле да ја преземат јеменските бунтовници Хути.
– Јужните вооружени сили ги прераспоредуваат своите сили од аеродромот Дубаб и областа Баб ел-Мандеб, западно од провинцијата Таиз. Овој чекор е преземен со приоритет да се осигури безбедност на главниот град Аден и соседните провинции, како и да се зајакнат фронтовските линии и да се одговори на постоечките закани, се наведува во соопштението на јеменската армија.
Јеменските владини сили поддржани од коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, и бунтовниците Хути, поддржани од Иран, се борат за превласт од 2014 година. Хутите контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што бунтовниците воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден.
Доколку бунтовниците ја преземат целосната контрола врз теснината Баб ал-Мандеб, тоа би била голема стратешка предност за Иран во војната со САД. Теснината Баб ал-Мандеб од почетокот на војната во Иран се користи како алтернативна трговска рута на блокираната Ормуска Теснина. Теснината Баб ал-Мандаб е од посебно значење за Саудиска Арабија.
Теснината Баб ал-Мандеб го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив. И двата се дел од поморска транспортна рута што се протега од Средоземното Море преку Суецкиот канал до Индискиот Океан, што е најкратката морска рута помеѓу Азија и Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…
Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…
Ирански претставник: Преговорите со САД завршија
Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…
Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство…
На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул.…
Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…
Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…
Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…
Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…