Објавено на:

Јеменските власти соопштија дека неидентификувани напаѓачи киднапирале танкер за нафта

t

Јеменската крајбрежна стража денеска соопшти дека танкерот за нафта M/T EUREKA е киднапиран кај брегот на провинцијата Шабва.

Во соопштението се наведува дека танкерот го киднапирале „неидентификувани вооружени лица кои се качиле на бродот, презеле контрола и го насочиле кон Аденскиот Залив во правец на сомалиските води“.

Јеменската крајбрежна стража потврди дека е пронајдена локацијата на танкерот и дека во тек се напори за негово следење, како и преземање на неопходни мерки за негово пронаоѓање и безбедноста на неговиот екипаж.

Владата на Јемен вчера соопшти дека нема да остане неутрална во случај на нови американски потези против Иран, упатувајќи остра осуда за американските акции во Персискиот Залив и порака за поддршка на Техеран во спорот околу Ормуската Теснина. Во соопштението беше наведено дека официјална Сана смета оти американските мерки против иранските бродови и заплената на пловила во регионот претставуваат „кршење на меѓународното право“ и „пиратерија“.

Јемен изрази поддршка за иранските ограничувања на пловидбата низ Ормуската Теснина, оценувајќи ги како дел од „правото на самоодбрана“, додека ги обвини САД за ескалација на тензиите во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…

Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…

Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…

Исчезнала млада жена од Куманово

31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена…

Меланија Трамп повика на трајно примирје во…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…