Јетон од ДУИ е новиот министер за образование – Соопшти само на Албански јазик
Јетон Шаќири денеска ја презеде од Мила Царовска функцијата министер за образование и наука во новиот состав на Владата.
– На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири, му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата, напиша Царовска на својот фејсбук-профил.
Шаќири е кадар на ДУИ и досега ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација. За превземањето на новата функција соопшти само на Албански јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Тирана ги поддржа напорите за албанскиот…
Коалицијата ВЛЕН соопшти дека албанскиот јазик треба…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…
Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…