ЈК Травел демантира дека нивните гости останале на улица

t

Почитувани медиуми,

Во врска со објавата, која од вчера се шири по медиумите би сакале да демантираме и појасниме дека ЈК Травел воопшто не е поврзана со недоразбирањето што се случило во хотелот Олеа Гарден, во Грција.

Ве информираме дека гостите кој се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаат резервирано и уплатено. Најодговорно тврдиме дека ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување. Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор.

За ова недоразбирање кое настана, а кое нема никаква врска со ЈК Травел , доказ е и извинувањето, кое го добивме од хотелот, во кое се негира било какво бркање на гости од собите и, секако, извинување до нас, како партнерска агенција.

„Почитуван партнер ЈК Травел! Се извинуваме за било какво недоразбирање направено во комуникација со Вашите гости и рецепцијата. Ви гарантираме дека одморот на ниту еден Ваш гостин не беше прекинат во хотелот Олеа Гарден на ниту една минута. За истото може да Ве известат и самите гости во било кое време. Искрено се надеваме на добра идна соработка.“

Во прилог на ова ви го доставуваме и дописот, односно извинувањето кое го добивме од хотелот Олеа Гарден

Почитувани медиуми,

Бидејќи сензационалистичките објави “Клиенти на ЈК Травел останале на улица” не се вистина, а поради професионалност и од наша и од ваша страна, но и објективно информирање на јавноста Ве молиме да го објавите овој демат, односно појаснување.

Нашето работење е максимално професионално, а тоа го докажува фактот дека ние сме агенција која постои 16 години и никогаш досега не сме се соочиле со ваква состојба, бидејки, задовлството на нашите клиенти секогаш било и ќе остане приоритет во нашето работење.

Со почит, ЈК ТРАВЕЛ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…