Јовановски: Заемот од ММФ е за да може да преживее економијата, имаме долг од 57.1 милиони евра

t

Го земаме заемот од ММФ за да преживее економијата, но не смееме само на него да се потпираме, вели Зоран Јовановски од Стопанска комора на Македонија.

-Ние имаме долг од 57,1 милиони евра. Битно е колкав е капацитетот на земјата да го сервисира долгот. Ние голем маневарски простор немаме, додава Јовановски.

Според Јовановски, прашањето за задолженоста е прашање за идните генерации.

-Не можеме ние во зима сите да одиме во шума и да ги исечеме сите дрвја за да се згрееме. Треба да му приоѓаме на прашањето за задолжување исто како што дома му пристапуваме со кредитните и дебитните картички. Не може влезени во минус да одите на одмор. Принцпите се исти и да се применат, без разлика дали е Буџет на државата. Одговорност мора да има, кажа Јовановски во емисијата „Клик плус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Според ММФ за период од само…

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница…

Неконтролирани субвенции и замрзнати цени можат дополнително…

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека владите…

Шефицата на ММФ: Војната на Блискиот Исток…

Војната на Блискиот Исток ќе доведе до…

ММФ прогнозира инфлацијата од 4,5% и бара…

Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската…

ММФ одобри заем од 8,1 милијарди долари…

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде конечно одобрение…