Објавено на:

Јокиќ блескаше и повреден, Денвер со пресврт до победа

t

Иако со повреда на скочниот зглоб, Никола Јокиќ настапи на дуелот против Сакраменто и беше еден од најзаслужните за триумфот на неговиот тим.

Денвер славеше на домашен терен со 116-110, благодарение на пресвртот во последната четвртина откако претходно цел меч се наоѓаше во негатива, на моменти и со 14 поени разлика. Последниот период го отвори со 12-2, потоа направи уште една серија од 8-0 и во финишот го скрши отпорот на противникот кој дојде ослабен, без најдобриот играч Домантас Сабонис.

Јокиќ влечеше повреда од претходниот дуел, против Бостон, во текот на денот имаше информации дека е можно и да не настапи, но сепак се најде во тимот и одигра на високо ниво. Овојпат не оствари трипл дабл, но сепак постигна 22 поена, 16 скока и 6 асистенции.

Некрунисана остана партијата на Демар Дерозан кој постигна 35 поени, Валанчиунас оствари дабл дабл со 19 поени и 13 скока, но Кингс сепак ја прекинаа серијата од четири победи.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Портланд 128-118
Шарлот – Минесота 110-125
Клиленд – Мајами 112-107
Вашингтон – Јута 125-122
Милвоки – Далас 137-107
Денвер – Сакраменто 116-110
Мемфис – Оклахома 103-120
ЛА Клиперс – Детроит 123-115

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…