Јокиќ третпат во кариерата е МВП во НБА-лигата!
Српскиот кошаркар од редовите на актуелниот шампион Денвер нагетс, Никола Јокиќ по третпат во кариерата беше избран за МВП во најсилната кошаркарска лига во светот.
Јокиќ одигра 79 од 82 натпревари во регуларниот дел од сезоната, а во просек постигнуваше по 26,4 поени, 12,4 скокови и девет асистенции по натпревар.
Одличните настапи му ја донесоа третата МВП-награда, откако претходно беше најдобар во 2021 и 2022 година.
Србинот со три признанија се израмни со Лери Брд, Меџик Џонсон и Моузес Мелоун, па пред него се Леброн Џејмс, Вилт Џемберлејн со по четири МВП-награди, Бил Расел и Мајкл Џордан имаат по пет награди, додека Карим Абдул-Џабар е единствен со шест пехари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…
Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…