Јонуз: Етничките Македонци имаат своја држава и не знаат да ја организираат оти се раскарани сите со сите
Фактите велат дека се е спин. Се е лага. Секој сака својата приказна да ја пласира како успешност, вели политичкиот аналитичар Агим Јонуз во СТУДИО 10 на ТВ 24.
– Ако политичарот лаже, а народот аплаудира, политичарот почнува да ужива во тоа и да ја живее таа идеална слика која всушност не постои. И потоа се случува гласачите да не гласаат за некого туку против, за да казнат, вели Јонуз.
Ние во деведесеттите имавме примитивен национализам од ВМРО-ДПМНЕ, лажен елитизам од СДСМ, а Албанците беа „вегета“, зачин без кој не се може. Е сега од зачин станаа основата, вели Јонуз.
– Албанците не одговараат затоа што имаат структура во системот и во администрација и во судството. Ова е етноцентрискички модел во политиката. Македонија е заложник на етнотриумфалистичка борба и ќе има само локални шерифи. Етничките Македонци самите се проблематични. Тие имаат своја држава и не знаат да ја организираат затоа што имате тројца браќа кои не разговараат меѓу себе, вели Јонуз.
На Македонија итно ѝ треба граѓанска опција која ќе забрани да биде битно како се викаш, а која ќе понуди леб, заклучува Јонуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не им требаат било какви работници –…
Европскиот пазар на труд се соочува со…
Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…
За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…
Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…
Бомба пронајдена во центарот на Даблин, во…
Експерти за експлозивни направи од ирската армија…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…