Објавено на:

Јотова му се пожали на Фико: Бугарите во Македонија се дискриминирани

t

Последиците од воениот конфликт во Украина и проширувањето на Европската унија биле главни теми на разговорот на Дондуков 2 меѓу потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и претседателот на италијанскиот дом на пратеници Роберто Фико, кој е во официјална посета на Бугарија.

„Бугарија е една од најзаинтересираните земји нашите соседи да бидат целосен дел од европското семејство. ЕУ не е само слободно движење на луѓе, стоки и услуги, ЕУ е пред се почитување на човековите права. Во Бугарија постои солиден национален консензус дека процесот на преговори за Македонија ќе се отвори само кога ќе се постигне напредок за сите отворени прашања“, рекла потпретседателката Јотова, претставувајќи го ставот на Бугарија за политичкото проширување на ЕУ.

Јотова истакнала дека Бугарите во Македонија се предмет на системска дискриминација.

„РСМ мора да обезбеди доволно гаранции дека ги исполнува критериумите од Копенхаген и Договорот за добрососедство. Засега таква желба не е наведена. Најголемата гаранција за почитување на правата на Бугарите е нивното вклучување во Уставот на Северна Македонија како државотворен народ“, рекла Јотова и инсистирала на патоказ со овие услови, кој ќе биде составен дел од преговарачката рамка.

Фико го изнел италијанскиот став, според кој прво треба да започне преговарачкиот процес и во неговиот тек да се решат отворените прашања.

„Не можеме да правиме компромиси со бугарската позиција, бидејќи во спротивно ќе донесеме дополнителни конфликти во ЕУ“, додала Јотова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ