Јотова не отстапува од внесување на Бугарите во Уставот на РМ
Задолжителен услов од кој Софија нема да отстапи е вклучувањето на македонските Бугари во Уставот на Република Македонија, му рекла бугарската потпретседателката Илијана Јотова на Кристијан Даниелсон, државен секретар за прашања на ЕУ на Кралството Шведска, соопштила тамошната прес-служба.
Меѓу главните теми на разговорот меѓу двајцата било и проширувањето на ЕУ.
„Очекуваме Скопје реално да го спроведе Договорот за добрососедство, како и двата заеднички протоколи. Темелна вредност на Европската Унија е почитувањето на човековите права. Таму каде што не се заштитени човековите права, таму нема Европска Унија“, рекла Јотова, пренесуваат бугарските медиуми.
Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во Европската Унија. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-члениот парламент во Скопје, но засега мнозинството ги нема потребните гласови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…