Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше за опасноста од автократија во Бугарија

t

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова одбила интервју за емисијата „Quest Means Business“ на американската телевизија Си-Ен-Ен, посветена на серијата избори во европските земји.

Така, во емисијата гостувал само Андреј Ѓуров, кој зборувал за актуелните предизвици во бугарската политика и за „опасноста од автократија“ поради концентрацијата на моќта во парламентот, кај претседателот и кај премиерот.

Во врска со бродовите погодени со беспилотни летала во Црното Море, Ѓуров оценил дека владата постапува колебливо, не носи конкретни одлуки и нема координација со сојузниците.

Според него, ваквиот пристап не ја загрозува само Бугарија, туку и целото источно крило на НАТО, додека несигурноста во Црното Море се одразува и врз трошоците на граѓаните.

По гостувањето на Ѓуров, кој се вклучил директно од Софија, водителката на емисијата појаснила дека покана добила и Илијана Јотова, но таа ја одбила поради други обврски.

„Јотова се противи на понатамошната воена помош за Украина и повикува на европски мировен предлог“, истакнала водителката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…

Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…

Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…

Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…

При обработени 98,99 отсто од записниците во…

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…