Јотова од Битола: Почнуваме процес на приклучување на Македонија кон ЕУ

t

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова вечерва пристигна во Македонија и изјави дека нејзината приватна посета на Битола е поради големиот верски празник Задушница. Таа информира дека утре ќе ги посети бугарските воени гробишта во селото Цапари каде што ќе оддаде почит на загинатите.

Запрашана за измените на Законот за здруженија и фондации, со што бугарските клубови ќе мора да ги променат своите имиња, Јотова изјава дека македонското Собрание е парламент на суверена држава и има право да донесува секакви закони.

-Нас тоа што не интересира е да видиме како ќе дејствува тој закон во наредниот период. Ние започнавме процес за приклучување на Република Македонија во ЕУ, таму каде според мене е местото на вашата земја. Сметам дека многу од нашите проблеми кои се уште ги имаме, ќе имаат решение само тогаш кога еден ден ние сите заедно ќе бидеме дел од големото европско семејство, изјави Јотова.

Таа додаде дека Договорот за добрососедство, пријателство и соработка од 2018 година не е само договор меѓу двете земји, туку и договор од европското законодавство и и европските институции членки на унијата ќе внимаваат на нивното исполнување.

-Ние имаме општ интерес и општи цели, истакна Јотова.

На прашањето дали ќе замине да ги посети бугарските воени гробишта и во Грција, бугарската потпретседателка изјави дека претставници на други институции од Софија ќе ги посетат тие гробишта.

-Не можам да отидам насекаде, прокоментира Јотова.

Бугарската потретседателка во земјава доаѓа на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Битола, но не е дел од официјалните гости, туку е со своја агенда. Утре ќе го посети Бугарскиот конзулат каде ќе биде поставена изложба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ