Јотова патува во Албанија во пресрет на пописот – Ќе се состани со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

t

Потпретседателката на Бугарија , Илијана Јотова, од денеска до 16 септември ќе престојува во посета на Албанија, јави „24 часа“. Посетата на Јотова е во пресрет на националниот попис на населението во Албанија, кој, како што се наведува во веста, е значен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 година.

За време на посетата на Тирана, на албански ќе биде претставена книгата на доцент професор Спас Ташев – „Бугарите во Албанија“, а најавена е и посета на Јотова на селото Големо Острени, каде што ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо кој е лоциран во источниот дел на Албанија и е претежно населен од македонско население.

Според прес-службата на бугсрското претседателство Јотова ќе ја отвори новата учебна година во бугарското неделно училиште во градот Елбасан.

За време на посетата на Албанија таа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, со претседателката на Собранието, Линдита Никола, со министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

Бугарската потпретседателка ќе има разговори и со ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. Артан Хоџа, на кој се изучува бугарскиот јазик. Во делегацијата предводена од Јотова се и професори од бугарските универзитети и од Бугарската академија на науките, пренесува „24 часа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…

Екс студент остави писмени закани до деканот…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…

Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…

Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…

„Безбеден град“ и во Струмица, Битола и…

Министерството за внатрешни работи планира да ги…