Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова и нејзиниот заменик Кирил Валчев добиле најмногу гласови меѓу гласачите на вчерашниот втор круг од бугарските претседателски избори, а на кои можеше да се гласа и во Македонија.
Според бугарските медиуми, резултатите од 100 проценти обработените резултати покажуваат дека двајцата добиле 51,49 проценти од гласовите на вкупно седум отворени избирачки места во Македонија. Поддршката за Андреј Ѓуров и Георги Кандев била 43,8 проценти, додека 4,7 проценти не поддржале никого на гласачкото ливче.
Се наведува дека излезноста на гласачите на вчерашното гласање во Македонија била највисока во споредба со сите избори одржани од 2022 година. Вкупно 491 бугарски државјанин гласале на седумте избирачки места во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Кочани и Прилеп.
Јотова ја победи претседателската трка во Бугарија и стана првата жена на чело на државата. Во вториот круг освои 57,58 отсто од гласовите, наспроти 39,47 проценти за Андреј Ѓуров. Нов потпретседател ќе биде Кирил Валчев. По победата, Јотова им се заблагодари на гласачите и најави дека ќе ги слушне и оние кои не ја поддржале.
„Ќе направиме сериозна анализа и ќе одговориме на нивните грижи и надежи“, рече Јотова.
Ѓуров го призна поразот, но порача дека политичката одговорност продолжува и по изборите.
„Власта мора да им служи на бугарските граѓани, а не на самата себе“, порача претседателски кандидат, Андреј Ѓуров.
Премиерот Радев ѝ честиташе на Јотова и оцени дека граѓаните избрале мир, стабилност и нормалност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…
Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на…
Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев…
Излезноста во Бугарија до 14 часот е…
Излезноста на претседателските избори во Бугарија до…