Јотова: Софија не е против отварање на нови македонски клубови ако служат за добрите односи меѓу државите

t

По „Никола Вапцаров“ во Благоевград, ќе се отворат уште неколку приватни македонски културни клубови во Бугарија – во Сандански, во Пловдив, најави забранетата партија на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин.

Изминатиов викенд во Штип шест здруженија од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и од Косово потпишаа декларација „За унапредување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија“ на семакедонскиот собир што го организираше штипското здружение „Мирка Гинова“.

Бугарскиот државен врв веќе не се противи што Македонците во Бугарија отвораат клубови, и покрај тоа што не ги признава како малцинство. Потпретседателката Илијана Јотова при посетата на Битола во саботата рече дека темата со бугарските и македонските клубови сака да ја коментира само на ниво на институции на двете држави.

– Што се однесува до клубот во Благоевград, вашите власти кажаа дека тоа е приватна иницијатива и за нас тоа беше доволно. Само да не се подгрева омразата и нова конфронтација меѓу двата народа, и да се почитуваат сите закони и правила. Тоа што некои луѓе се решиле да отворат свој клуб, да си ја развиваат својата дејност и ако овој клуб служи за добрите односи меѓу двете држави, тоа може само да нè радува – вели Јотова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

Јотова победи кај Бугарите во Македонија

Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…

Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…

Јотова ја слави победата на претседателските избори…

Илијана Јотова по изборната победа им се…

Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на…

Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев…