ЈО со обвинение за случајот Самоил, на киднаперите им должел пари за украдени 4 килограми хероин

t

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми.

Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.

Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога.

Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски експерти бараат построги правила за вештачката…

Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…

(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…

Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…

Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…

МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…

Министерството за образование и наука соопшти дека…

Трамп рече дека не планира нови напади…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…