ЈПДП го достави до ОЈОГОКК договорот со Бехтел и Енка

t

Во текот на вчерашниот ден (4.5.2023 година) ЈП„Државни патишта“ , постапувајќи по барањето на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, го достави договорот за изведба и надзор над изградбата на коридорите 8 и 10-Д. Претходно, ЈП „Државни патишта“ до обвинителството ги достави броевите на огласите од јавните набавки поврзани со коридорите 8 и 10-д, за кои јавниот обвинител обезбеди пристап до електронската база на податоци на Бирото за јавни набавки.

Договорот, како и содржината на севкупната електронска документација од Електронскиот систем за јавни набавки поврзана со сите постапки за јавните набавки каде како предмет на договор се јавуваат коридорите 8 и 10-д, во наредниот период ќе бидат анализирани во насока на утврдување на елементи на евентуално сторено кривично дело.

Со оглед дека станува збор за обемна документација на јавниот обвинител и тимот на истражители ќе им биде потребно време за анализа и проверка на сите индиции и наводи што месеци наназад се во интерес на јавноста. За секое постапување што нема да ја попречи постапката и ќе може да се сподели со јавноста, обвинителството навреме ќе информира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…

Владата даде зелено светло за ново задолжување…

Внимавајте на патарина: Наскоро со „МКард“ нема…

Од 15 јуни корисниците кои имаат „МКард“…

Милошоски: Ислам Абази го затвори предметот за…

Прес-конференција на Антонијо Милошоски Дозволете денес уште…

ОЈО ГОКК постапува по кривична пријава против…

Кривична пријава за саботажа, злоупотреба на службена…

Една компанија доби тендер од 715 ИЛЈАДИ…

Компанијата „Слобода бус превоз ДООЕЛ Скопје“ доби…