ЈП„ Водовод и канализација“ ги зголемува платите на вработените
Имајќи ги предвид предизвиците поврзани со сериозноста на економската положба во која се наоѓаат граѓаните, деликатните процеси со ценовните пазарни шокови и актуелната инфлација, состојби од кои не се исклучени и вработените во ЈП Водовод и канализација – Скопје, Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински ќе предложи до Управниот Одбор на претпријатието да се пристапи кон линерно покачување на платите на сите вработени во ЈП Водовод и канализација – Скопје, информираат од претпријатието.
Ова покачување ќе ги опфати сите 1 278 вработени чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2 806 денари. Ова е прво вакво зголемување на платите по нивна 13 годишна стагнација.
-Ова покачување на платите се прави поради сериозноста на економската состојба, и е дотолку значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои се соочува јавното претпријатие, наследените финансиски обврски, големите државни должници спрема ЈП Водовод и канализација – Скопје. Меѓу најголемите должници на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички Служби во Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124.316.964 денари, Општина Зелениково 41.320.352 денари итн. ЈП Водовод и канализација – Скопје, секогаш ќе ги штити интересите на своите вработени, како сега, така и во иднина. И покрај споменатите сериозни предизвици заштитата на стандардот и обезбедувањето на квалитетна вода за пиење останува нашиот приоритет, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…