ЈП Водовод и канализација постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити Мол
ЈП Водовод и канализација – Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во City Mall. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, известија од претпријатието.
-Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку киосците за наплата кои се поставени на уште четири локации во град Скопје и тоа во: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП Комунална Хигиена – Скопје, во ГТЦ на приземје и во Капитол Мол.
ЈП Водовод и канализација – Скопје како претпријатие кое е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје, следејќи ги трендовите на дигитализацијата, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, но и пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk, каде на едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на приложените упатства корисниците имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура. – велат од ЈП Водовод и канализација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…