ЈП „Комунална хигиена“ ги зголемува платите: Милионските долгови се минато, за 100 дена КХС работи со финансиска позитива

t

Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз, ја информираше јавноста за донесената Одлука со која по цели 16 години ќе бидат зголемени платите на вработените во претпријатието.

-Одлуката ќе започнеме да ја имплементираме веднаш, со следната-априлска плата и премногу сум задоволен што ова историско покачување ќе се реализира токму во мојот мандат на раководење со претпријатието, затоа што сметам дека вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје навистина заслужуваат нивниот труд да биде соодветно вреднуван и награден. Сакам да изразам голема благодарност и до претседателката на Управниот одбор Јулијана Спировска, како и до сите членови на Управниот одбор, изјави Енуз.

Тој се осврна и на затекнатата состојба во претпријатието со коешто раководи веќе 100 дена, истакнувајќи го фактот дека според Годишниот извештај за работењето во 2021 година, за време на раководењето на поранешното раководство е забележана огромна загуба од 43 милиони денари, неподмирени обврски кон
добавувачите, задоцнети плаќања, истечени валути итн.

-Во овој момент-100 дена по моето доаѓање на чело на претпријатието, според Тримесечниот извештај за финансиските резултати, првиот квартал од 2022 година го завршуваме со позитивен финансиски резултат, при што се исплатени најголемиот дел од побарувањата, а она што особено би сакал да го истакнам е дека се врши навремена исплата на платите на вработените лица во Претпријатието, и тоа на почетокот на првата недела во месецот, изјави Енуз.

Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје ги наведе и затекнатите проблеми во техничко-оперативниот сектор на Претпријатието.

-Наидовме на возила што биле во дефект и вон употреба со месеци, без да бидат преземени никакви мерки за нивно враќање во употреба. Имено, до 31 декември 2021 година, само 64% од вкупниот број на возилата биле во функција, додека во моментов речиси 80% од вкупниот број на возила активно се употребуваат на терен секој ден, што е исклучително значајно имајќи предвид дека оперативата на Претпријатието работи седум дена во неделата, во три смени, вели директорот на ЈО „Комунална хигиена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шеваљ Муареми приведен во Дубаи, се бараше…

Шеваљ Муареми, лицето од Грчец кое се…

(Видео) УАПСЕН НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ – Минатата…

Откако минатата недела објави скандал поврзан со…

Изгореа пет возила: Детали за пожарот кај…

На 06.04.2024 во 13:25 часот во СВР…

Шампионот на Македонија на колена: Вардар не…

Вардар освои три важни бодови во борбата…

Оливер Андонов: Шизофренија

Шизофренијата е сериозна ментална болест, но како…