ЈП Комунална хигиена – Скопје ја поддржа добротворната новогодишна иницијатива на СУГС “Р.Ј.Корчагин”
В.д. директорката Косана Николиќ Мазнева и вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ја поддржаа добротворната иницијатива на СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ и заедно со најмладите членови на своите семејства ја проследија новогодишната претстава што ја подготвија учениците на ова скопско училиште. Во рамките на манифестацијата, секој од присутните гости на претставата донираше и подарок што ќе биде проследен до децата од социјално ранливите категории.



„Заедно со вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје, со задоволство ја поддржавме оваа добротворна иницијатива организирана во пресрет на новогодишните празници. Се надевам дека нашите симболични донации ќе пристигнат во вистински раце и ќе донесат среќа таму каде што е најпотребна, затоа што секое дете заслужува безгрижно и весело детство. Воедно, во текот на претстојната година ќе ја продолжиме и досегашната успешна соработка со СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, преку организирање предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина.“- изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.




ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Даниловски за хантавирусот: Не може да „скокне“…
Докторот Драган Даниловски преку социјалните мрежи вели…
ЕДНА НЕДЕЛА ЗГРАДАТА НА МРТ НЕМА ВОДА!…
Вработени во зградата на Македонската радио телевизија,…
Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…
Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…