ЈП Лајка организира отворен ден за вдомување на кучиња – сите заинтересирани се поканети

t

ЈП „Лајка“ утре, сабота /19.02.2022 година/, од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар.

На отворениот ден во ЈП „Лајка“ се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите во прифатилиштето за кучиња. Добредојдени се донации во форма на храна и средства за хигиена.

Граѓаните кои планираат или размислуваат да вдомат куче и сакаат својот миленик да го изберат од прифатилиштето на Лајка, ќе имаат можност на отворениот ден да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, да добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување.

Дојдете во ЈП „Лајка“ да покажеме дека во Скопје постојат позитивни примери на граѓани, вистински љубители на кучиња кои се грижат и придонесуваат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат овие бездомни животни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на…

Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов…

Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња и…

Распаднати тела од кучиња и друг отпад…

„Лајка“: Стоп за петардите тоа предизвикува стрес…

ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да се…

Во Карпош се прави прифатилиште за кучиња

Во скопската општина Карпош се спроведуваат активностите…

Богато семејство во Лондон бара дадилка за…

Американски милијардерско семејство кое живее во Обединетото…