ЈСП воведува дневен билет

t

ЈСП „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз. Билетот ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден.

Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот, а ќе биде од голема корист и за туристите – велат од ЈСП „Скопје“.

Од пред една недела, јавното претпријатие ги врати ноќните линии кои беа укинати поради пандемијата на ковид-19. Автобуси после 23 часот има на линиите 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б сообраќаат секој ден, а преостанатите се во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

ЈСП „Скопје“ до крајот на март ќе го врати и бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела. За реализирање на оваа мерка доби 650.000 евра субвенции од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…