ЈСП објави: Еве како ќе сообраќаат автобусите за велигденските празници

t

За време на велигденските празници автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичарницата ќе работи вообичаено, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

-Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во сабота (15.04.2023 год), недела (16.04.2023 год) и понеделник (17.04.2023 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота (15.04.2023 год).

Петок, недела и понеделник ќе бидат неработни денови за сите продажни места.

Жичарницата претстојниве празнични денови (од утре до понеделник) ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот.

Нема да работи во вторник (18.04.2023 год).

АВТОБУСКИ ЛИНИИ ДО СРЕДНО ВОДНО

▪️25 (Транспортен центар-Средно Водно)
▪️25А (Автомакедонија-Средно Водно)
▪️25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе сообраќаат по неделен возен ред. – информираат од ЈСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Курти им го честиташе Велигден на православните…

Косовскиот премиер Албин Курти им го честита…

Папата на православните христијани им го честиташе…

Папата на православните христијани им го честиташе…