ЈСП: Платата на вработените не доцни, постои политичка тенденција за вештачка криза таму каде не постои
После најавите дека автобусите на ЈСП утре нема да сообраќаат низ Скопје, поради неисплатени плати, се огласија и од ЈСП.
Од таму велат дека платите не доцнат, и дека во моментов се на одобрување со пресметки за дополнителни работни часови и прекувремена работа.
„Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат шест месеци, платите во МЗТ доцнат три месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини.
Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа.
Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои.“, вели портпаролката на ЈСП, Деспина Трајкова Димова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…