Јужна Кореја воведува нови мерки поради зголемениот број случаи со Ковид-19

t

Здравствените власти во Јужна Кореја најавија дека ќе ги зголемат постојните мерки по порастот на бројот на случаи со Ковид-19 низ целата земја во летните месеци.

Како што објавија јужнокорејските медиуми, Корејската агенција за контрола и превенција на болести презела напори по зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19 во земјата.

Надлежните најавија дека ќе ги засилат мерките преземени за контрола на зголемениот број случаи со Ковид-19 и дека ќе го прошират тимот за одговор за да го подобрат следењето на ситуацијата.

Властите исто така рекоа дека ќе се сретнат со експерти на 14 август, бидејќи очекуваат бројот на случаи со Ковид-19 во земјата да се зголеми до крајот на август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот престана да паѓа, патиштаата се проодни,…

Снежните врнежи предизвикаа проблеми во повеќе општини,…

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот –…

Преговорите за формирање влада на национално единство…

Русија нападна фабрики на „Филип Морис“ и…

Руските вооружени сили извршиле напади врз фабриките…

Моника Зајкова реизбрана за претседателка на ЛДП,…

Делегатите на Деветото изборно собрание на Либерално…