Објавено на:

Јужна Кореја прогласи воена состојба

t

Претседателот на Јужна Кореја прогласи воена состојба во ненајавено телевизиско обраќање, обвинувајќи ја главната опозициска партија во земјата дека негува симпатии кон Северна Кореја и води антидржавни активности.

Јун Сук Леол не кажа какви мерки ќе бидат преземени, пренесува „CNN“.

Тој го наведе предлогот на опозициската Демократска партија, која има мнозинство во парламентот, за отповикување на највисоките обвинители и отфрлање на буџетот на владата.

„Сакам да ја заштитам либералната Јужна Кореја од заканите од севернокорејските комунистички сили и да ги елиминирам антидржавните елементи… Со ова прогласувам вонредна и воена состојба“, рекол Јун во телевизиско обраќање.

Претседателката на Собранието во моментов е на пат кон тамошното Собрание и планира да свика седница, јави „ITN TV“.

Новинската агенција Јонхап објави дека влезот во парламентот е блокиран и дека пратениците не можат да влезат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кореја донираше осум електрични возила за Министерството…

Министерството за здравство, со поддршка од Владата…

KOЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ:ПО 45 МИНУТИ…

Поради зголемениот број патувања за време на…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

Сообраќајот се одвива непречено, снег со слаб…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

САД ќе воведат санкции кон Русија и…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нема…