Јужнокорејската армија отвори предупредувачки оган кон севернокорејски војници
Јужнокорејската војска денеска соопшти дека биле испукани предупредувачки истрели откако севернокорејски војници ја преминале воената демаркациска линија меѓу двете земји, по што се повлекле назад, објави Ројтерс.
Новинската агенција Јонхап претходно објави дека инцидентот се случил минатата недела, повикувајќи се на неименуван извор.
„Неодамна, на Источниот фронт, севернокорејски сили ја преминаа воената демаркациска линија, поради што нашата армија, согласно оперативните процедури, испука предупредувачки истрели. Нашата армија внимателно ги следи движењата на Северна Кореја и одржува високо ниво на борбена готовност“, се наведува во соопштението на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, без да биде наведен точниот датум на инцидентот.
Според Јонхап, ова е прв пријавен случај годинава на преминување на воената демаркациска линија од страна на севернокорејски војници. Се претпоставува дека тие патролирале во областа кога ја преминале линијата.
Севернокорејската амбасада во Сингапур не одговорила веднаш на барањето за коментар.
Според Јонхап, севернокорејски војници минатата година ја прекршиле линијата 17 пати.
Двете Кореи технички сè уште се во војна, бидејќи Корејската војна од 1950 до 1953 година заврши со примирје, а не со мировен договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…