Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка ја освои титулата Кралица на Европа
На изборот за Кралица на Евроазија 2024 кој се одржа во Анталија, Турција, титулата „Мис Европа“ односно „Кралица на Европа“ ја освои нашата дваесет и шест годишна Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка.
Таа на изборот ја претставуваше Македонија, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија.
Во театарот во Анталија, каде се одржа изборот, титулата Кралица на Азија и припадна на претставничката на Египет, а вкупна победничка е девојката од Русија.
Нашата Јулијана која гордо ја претстави Македонија е дел од модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина.
Ова беше 10-то, јубилејно издание на „Кралица на Евроазија“ во организација на агенцијата „Евроазија старс емпаир“ од Москва, Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…