Објавено на:

“Јутјуб” ги блокираше ТВ преносите на руската Дума

t

„Јутјуб“ ја блокираше телевизијата Дума која емитува програма од рускиот парламент, што наиде на остра реакција од страна на руските официјални лица кои рекоа дека најпопуларната платформа за видео преноси може да се соочи со ограничувања како одговор.

Во порака на „Јутјуб“ се вели дека каналот Дума е прекинат поради прекршување на условите за користење.

„Јутјуб“, кој што е во сопственост на Алфабет Инк. беше под притисок од рускиот медиумски регулатор, Роскомнадзор, а официјалните лица брзо реагираа.

-Изгледа Јутјуб сам си потпиша свој налог. Зачувајте ја содржината, префрлете ја на руските платформи. И побрзајте, објави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова на с Телеграм.

Роскомнадзор соопшти дека побарал од Google веднаш да го врати пристапот до каналот Дума.

-Американската ИТ компанија се придржува до изразената антируска позиција во информациската војна што Западот ја покрена против нашата земја, се вели во пораката објавена на „Телеграм“ од Роскомнадзор.

Русија го прошири и надогради законот за ширење на лажни информации
Вјачеслав Володин, спикерот на Државната дума, рече дека потегот на „Јутјуб“ е дополнителен доказ за кршењето на правата и слободите од страна на Вашингтон.

-САД сакаат да добијат монопол на промовирање информации. Не можеме да дозволиме тоа да се случи, објави Володин на Телеграм.

Русија веќе го ограничи пристапот до Твитер и Мета платформите, како што се Фејсбук и Инстаграм, откако ја започна својата неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеник од руската Дума зборува за голема…

Областите каде силите на Москва ќе ја…

Руската Дума: Русија “патентираше” нов светски поредок

Резултатите од самитот на БРИКС се потврда…

Руската Дума ја крена старосната граница за…

Рускиот парламент денеска изгласа зголемување на старосната…

“Јутјуб” ги блокираше ТВ преносите на руската…

„Јутјуб“ ја блокираше телевизијата Дума која емитува…

(Видео) Како најпрецизната на светот руска снајперска…

Најиновативното достигнување на руската индустрија за лесно…