Објавено на:

“Љубовницата” на Путин следна на мета за санкции: Западот ѝ се налути на Кабаева

t

Алина Кабаева, позната руска гимнастичарка и наводно романтичен партнер на рускиот претседател Владимир Путин, е можна цел на следните санкции, соопшти денеска Вашингтон пост.

Рускиот претседател во 2013 година соопшти дека се разведува по 30 години брак со Људмила, тогашната прва дама на Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина, САД го санкционираа Путин (69) и повеќемина блиски соработници, па и двете негови ќерки.

Шпекулациите за тоа зошто Кабаева (39) не е исто така санкционирана, се појавија по извештај од Волстрит журнал во кој се тврди дека високи службеници одлучиле да го исфрлат нејзиното име од листата.

-Тоа се случило во последен момент бидејќи мерките против неа би биле личен удар врз Путин со што уште повеќе би ескалирале тензиите меѓу Русија и САД, тврди весникот, повикувајќи се на искази од официјални лица.

Се наведува дека Министерството за финансии подготвило пакет санкции за Кабаева, што потоа бил ставен во мирување од членовите на Националниот совет за безбедност (НСА) „за да не се испровоцира Путин“.

Санкции против неговите ќерки Катерина Тихонова и Марија Воронцова беа наметнати по доказите за она што САД и другите нации го опишаа како воени злосторства извршени од руските сили во околината на Киев, каде беа најдени искасапени тела и отсечени глави, биле извршени измачувања врз цивили и се правеле неселективни егзекуции.

Цел на западните санкции се блиските соработници на Путин и нивните семејства бидејќи „Путин и многу од неговите послушници и олигарси го кријат нивното богатство, ја кријат нивната сопственост кај членови од семејствата“, изјави неодамна официјално лице од Белата куќа, пренесува Вашингтон пост.

Постојат докази дека Кабаева поседува луксузен стан во Монако, додека нејзината мајка е сопственичка на луксузен апартман на крајбрежјето на Нева во Санкт Петербург.

Од Кремљ демантираат дека Путин е во врска со Кабаева. Весник од Москва во 2008 година беше затворен кога за првпат објави дека познатата гимнастичарка со добиени низа медаљи и спортски награди, меѓу кои и два олимписки, е љубовница на рускиот претседател, кој тогаш беше во брак.

Оттогаш таа ја завршува својат успешна спортска кариетра и станува пратеник во Државната дума од партијата Обединета Русија, и го носеше факелот на церемонијата на отворањето на ЗОИ во Сочи во 2014 година.

Кабаева за првпат по многу време беше забележана во јавноста минатата недела на гимнастичарскиот фестивал „Алина“, именуван според неа, каде одржа говор стоејќи пред огромен постер со симболот Z.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фајненшл тајмс: Саудискиот крал Бин Салман го…

Високи британски пратеници го опишаа пријавениот потег…

Путин: Русија и Иран „градат моментум“ во…

Двете нации соработуваат на различни полиња, од…

Иранскиот претседател пристигна во Москва

Ебрахим Раиси треба да се сретне со…

Путин: Доминацијата на западните банки се ближи…

Според рускиот претседател, новите технологии му се…