Љубчо Георгиевски: Од 1945 година не сме престанале да јадеме „трици“ против Бугарија
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остри критики кон актуелната општествена клима во земјава, осврнувајќи се на историскиот наратив кон соседите и давајќи своја дефиниција за тоа што значи да се биде вистински македонски патриот денес. Во своето најново излагање, тој посочи на двојните аршини во македонското општество и предупреди на засилено српско влијание. Континуирана антибугарска реторика од 1945 година Георгиевски истакна дека негативниот однос и реторика кон Бугарија се константа која трае со децении, негирајќи ги историските моменти кога источниот сосед покажувал конструктивност.
„Откога памтам за себе, ние не сме престанале да јадеме ‘трци’ против Бугарија. Меѓутоа, сега кога гледам и историски од 1945 година, значи кога Бугарија правела сѐ и кога признала сѐ, ние овде сме ја правеле најголемата пресија. Значи, од четириесет и петта година во оваа држава не е престанато да се зборува против,“ истакнува Георгиевски.
„Не е патриотизам да се правиш силен пред Бугарија, Грција и Албанија“ Поранешниот премиер директно ги прозва оние кои тој ги нарекува „денешни патриоти“, кои својот патриотизам го докажуваат преку вербални конфликти со соседите, сметајќи дека тоа е погрешен пристап.
„Кога ги гледам овие денешни патриоти кои се прават патриоти на Бугарија, постојано им велам – не е македонски патриот да се прави силен на Бугарија, на Албанија, на Албанците и на Грците,“ дециден е тој.
Единствената мерка за патриотизам: Отпор кон српската политика Клучната поента во изјавата на Георгиевски е предупредувањето за процесот кој, според него, непречено се одвива во земјата, а за кој јавноста и патриотските кругови молчат. Според него, вистинскиот македонски патриотизам се мери исклучиво преку една призма.
„Патриотизмот во Македонија се искажува со единица мерка: Колку си спремен да се спротивставиш на српската политика? А според она што го гледаме денеска, гледаме многу малку. Во овој момент тече максимална србизација во Македонија. Сите македонски патриоти молчат,“ заклучува Георгиевски во својата изјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) СДСМ Свети Никoле го објави стомакот…
Семејството Заеви преку 35 години има семејни…
Љубчо Георгиевски: Од 1945 година не сме…
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остри критики…
Галибаф: Ормускиот теснец засекогаш ќе остане изменет…
Претседателот на иранскиот парламент и раководител на…
Седум пати повеќе директни странски инвестиции во…
Странските директни инвестиции во Бугарија убедливо растат…
Олеснување на пазарот: Цените на нафтата паднаа…
Цените на нафтата се вратија на нивоата…