Њујорк тајмс ги попари Украиницте: Русите ја зборуваат вистината за воените затвореници!
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ наведе дека видеото на кое се гледа како украинската армија убива заробени руски војници е автентична.
„Раша тудеј“ наведува дека на видеото се прикажани настаните што се случија во селото Макеевка во Луганск во средината на ноември. За потсетување, официјален Кремљ го обвини Киев дека украинската армија егзекутирала неколку руски војници.
Видеата, чиј кредибилитет го утврдивме, претставуваат ретка можност да се видат некои од ужасните ситуации на војната, но тие не покажуваат зошто биле убиени руските војници“, велат од Њујорк Тајмс.
Весникот додава дека сè уште „останува мистерија“ што всушност се случило со војниците.
„Њујорк тајмс“ посочува дека, судејќи според видеото, „најмалку 11 Руси се убиени од непосредна близина откако еден од нивните соборци отвори оган врз украинските војници кои стоеја во близина“.
За потсетување, Украина претходно објави дека ја проверува автентичноста на видеото.
„Пред да започне истрага, мора да има основа за тоа. Во моментов утврдуваме дали овие видеа се лажни“, изјави тогаш портпаролот на главниот штаб Богдан Сеник.
Претходно денеска Русија најави дека сама ќе ги бара злосторниците кои ги убиле руските затвореници и дека нема да го чекаат крајот на украинската истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…