Објавено на:

Њујорк Тајмс: САД ги шпионира своите сојузници!

t

Протекувањето на доверливи документи на Пентагон, објавени на социјалните мрежи оваа недела, фрлија нова светлина на војната во Украина, покажувајќи колку длабоко САД навлегле во руската војска и разузнавачките служби, но исто така откри дека Вашингтон ги шпионирал некои од своите најблиски сојузници, како и непријателите, објави „Њујорк тајмс“.

Објавените документи даваат мрачна оценка за силата на воената машина на Москва, но и укажуваат на тоа дека војската на Украина е во тешка состојба.

Разузнавачките податоци покажуваат дека САД најверојатно ги шпионирале украинските воени и политички лидери, како и некои други важни сојузници на САД, вклучувајќи ги Израел и Јужна Кореја.

Откритијата веќе ги искомплицираа односите со некои сојузнички земји, поставувајќи прашања за тоа дали САД можат да ги чуваат своите тајни.

Висок американски функционер го нарече објавувањето на документите „голем разузнавачки пробив“, а ФБИ започна истрага во петокот и ќе се обиде да дојде до изворот на протекувањето на информациите, изјавија официјални лица, пренесе Танјуг.

Податоците откриваат, меѓу другото, дека Украина е блиску до губење на клучната битка во војната, дека руската армија „останува без сила поради фактот дека нема доволно опрема, но и дека дека воената компанија „Вагнер“ има влијание на сите во светот, не само во Украина. Интересно е како што наведува Њујорк Тајмс и тоа дека раководството на Мосад соработува со граѓаните кои повеќе од два месеци протестираат во Израел, што пак Израел денеска таквиот наод сепак го негираше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…

САД го поздравија успешниот крај на преговорите…

САД продолжија со испораката на оружје за…

Испораките на оружје од САД за Украина…