Објавено на:

Ќехаја: Македонија нема да го екстрадира Рамадани во Србија

t

Амбасадорот на Косово во Македонија, Флоријан Ќехаја изјавил дека земјава нема да го екстрадира во Србија, Бљерим Рамадани, кој беше уапсен врз основа на потерница за воени злосторства извршени за време на војната во 1999 година, пренесува „Газета Експрес“.

„Ние се занимаваме со случајот, имаме многу силен аргумент дека тоа нема да се случи. Тука сме во комуникација со новата влада, но и со правосудните органи“, изјавил Ќехаја за „РТВ Дукаџини“.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека државјанин на Косово е уапсен во Македонија, врз основа на потерница од Србија.

„Станува збор за господинот Бљерим Рамадани, поранешен припадник на Оперативната зона на Неправославната ослободителна војска на Косово“, соопштија од тамошното Министерството за правда.

Апсењето е извршено вчера на преминот Јажинце-Глобочица, кој го поврзува Косово со Македонија.

Се уште нема официјално соопштение од домашните власти во врска со овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…