Ќе бараме јаглен од Косово
АД ЕСМ и косовската државна енергетска компанија КЕК почнаа засилена соработка заради полесно надминување на енергетската криза и на состојбата со следната грејна сезона.
На состанокот што се одржа во АД ЕСМ на ниво на највисоко раководство, се разгледуваа можностите како јагленот од Косово да се користи во електраните во Македонија, како и можноста за взаемна поддршка меѓу двата система.
На состанокот присуствуваа генералниот директор на АД ЕСМ м-р Васко Ковачевски, Управниот одбор на АД ЕСМ, генералниот директор на КЕК Нагип Красниќи и советникот во министерството за економија на Косово, Милот Келменди.
Заклучено е дека работни групи од двете државни компании во најкусо време ќе ги договорат постапките за ефектурирање на договорената соработка, како и дека владите на двете земји, односно министрите за економија да бидат информирани за претстојните чекори, кои се во рамките на договорената меѓудржавна соработка во делот на енергетиката од страна на министрите Крешник Бектеши и Артане Ризваноли во декември 2021 година
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…