Ќе биде “големата”? Лондон продолжува свесно да се вовлекува во украинскиот конфликт, велат од руската амбасада
Лондон продолжува намерно и отворено да се вовлекува во украинскиот конфликт, водејќи се од логиката „целта ги оправдува средствата“, соопшти руската амбасада во Лондон.
„Гледаме дека Лондон продолжува намерно и отворено да се вовлекува во украинскиот конфликт. При донесувањето одлуки, не се зема предвид обемот на предизвиканото уништување, ниту бројот на однесени човечки животи, следејќи ја логиката „целта ги оправдува средствата“, се вели во соопштението.
Во коментарот се наведува дека ваквите дејствија на Лондон не можат суштински и начелно да влијаат на текот на специјалната воена операција и на реализацијата на нејзините задачи.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно објави дека пристигнал во Лондон на разговори со британскиот премиер Риши Сунак.
Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Владата на Велика Британија, најавено е дека оваа земја летово ќе започне со обука на украински пилоти, како и дека ќе ја продолжи соработката со други земји за евентуална испорака на ловци Ф-16 на Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…