Ќе видиме ли „Преспански 2.0“? Средба Ковачевски-Мицотакис во Минхен

t

Премиерите на Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис попладне ќе имаат средба во Минхен на маргините на Конференцијата за безбедност, што впрочем ќе биде и прва нивна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис во текот на денешниот ден ќе оствари низа средби меѓу кои и со премиерите на Македонија и на Албанија, со претседателката на Косово, со вицепремиерот на Израел итн.

Владината делегација на Македонија на 58-та Минхенска конференција за безбедност што ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, ја сочинуваат заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Од прес службата на Владата соопштија дека за време на тридневната работа на конференцијата ќе учествуваат на повеќе централни и придружни настани во рамките на конференциската агенда, како и на повеќе заеднички и одделни билатерални средби.

Ковачевски и Мицотакис, на 31 јануари имаа телефонскиот разговор, а според соопштенијата од нивните кабинети, двајцата премиери се согласиле дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството, ја констатирале взаемната волја за зајакнување на билатерални односи и билатералната соработка, со акцент на економскиот и трговскиот сектор и се договориле да се сретнат на маргините на Делфи Форумот во Грција на почетокот на април.

Сепак, нивната прва билатерална средба, доаѓа речиси два месеца порано.

Атина, 18 февруари 2022 (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродромот во Минхен откажа летови поради замрзнат…

Поради замрзнат дожд кој ја зафати областа,…

(Видео) Минхен парализиран од обилните снежни врнежи

Локалните медиуми тврдат дека тоа е најголемиот…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…