„Ќе ви ја разнесеме пола држава“: Член на руската Државна дума со закани кон Финска
Член на руската Државна дума упати остри закани кон Финска, предупредувајќи дека Москва располага со доволно воена моќ за „да уништи половина од земјата“. Изјавата доаѓа само еден ден откако Финска најави партнерство со американската компанија „Локхид Мартин“ за изградба на првиот европски центар за одржување на повеќецевни ракетни системи, пренесуваат дел од медиумите.
Алексеј Журављов, заменик-претседател на Комитетот за одбрана во руската Дума, ја обвини Финска дека со својата политика се претвора во „втора Украина“ и дека намерно ја провоцира Русија.
„Ние нема да наседнеме на провокациите, но ќе ја засилиме одбраната на тој дел од границата. Ве уверувам дека веќе имаме доволно воена техника за да разнесеме половина Финска“, изјавил Журављов за руски медиуми.
Односите меѓу двете земји значително се влошија откако Финска во 2023 година се приклучи на НАТО, напуштајќи ја долгогодишната политика на воена неутралност. По руската инвазија врз Украина, Хелсинки дополнително ја зајакна соработката со западните сојузници, а границата со Русија останува затворена поради безбедносни причини.
Во меѓувреме, Финска неодамна усвои закон со кој се дозволува присуство и транспорт на нуклеарно оружје на нејзина територија во рамки на сојузничката одбрана, мерка што ќе стапи во сила од 1 јули. Русија, пак, продолжува да го зголемува военото присуство долж границите со земјите-членки на НАТО, што дополнително ги зголемува тензиите во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Александар Шапиќ останува градоначалник на Белград по…
Предлогот на движењето „Тргни-промени“ не доби доволно…
Мицкоски на Телма: Не барајте теории на…
Дали ќе има предвремени избори, јас денеска…
Дете нападнато од малолетник кој го познавал
На 22.11.2026 во 11:45 часот во СВР…
Кривична пријава за директор и вработени во…
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.П.(57)…
Приведен еден од осомничените за нападот врз…
Со повреди по главата и телото завршија…