Ќе влезат пред нас, ние ѝ угодуваме на Бугарија: Шведска започна консултации за барањето на Косово за членство во ЕУ
Шведското претседателство со ЕУ започна консултации со земјите членки во врска со барањето на Косово за членство во Унијата, изјави денеска шведскиот амбасадор во ЕУ Ларс Даниелсон.
Тој додаде дека не сака да прејудицира какви ќе бидат резултатите од тие консултации, пренесува Коха.
Шведска започна консултации во својство на претседавач со ЕУ.
„Се консултираме со многу земји за да видиме како ќе одлучиме за ова барање. Имаме пет земји кои не го признаваат Косово и природно е прво да се консултирам со нив. Веќе се сретнав со некои од нив и продолжуваме со средби“, рече Даниелсон на средбата со новинари во Брисел.
Тој појасни дека одлуката како да се постапи по барањето на Приштина е процедурална но и политичка.
„Тоа е процедурално прашање, но има и политичко значење. Не сакам да ги прејудицирам резултатите од консултациите. Имаме две алтернативи да го доставиме до Комисијата или да не го доставиме. Работиме на овој случај со голем ентузијазам “, рече Даниелсон.
Според процедурите на ЕУ, откако една земја ќе поднесе барање за членство, Советот бара од Европската комисија да подготви мислење за тоа дали апликантот ги исполнува условите за кандидатски статус и за почеток на преговорите за членство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…
Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…
Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е…
Египет може да се приклучи на новопотпишаниот…
ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…
Европската унија го заврши првото полугодие од…