Објавено на:

Ќе ги вработува во администрација? 6,5 илјади жители на Донбас се зачлениле во партијата на Путин

t

Шест и пол илјади жители на Доњецк се приклучија на “Единствена Русија”, партијата на рускиот претседател Владимир Путин, а во републиката следната недела ќе се одржи и генерален состанок на регионалниот огранок на партијата, објави нејзината прес-служба.


„Во ДНР следната недела ќе се одржи генерален состанок на регионалниот огранок на Единствена Русија. На него ќе се избира секретар на регионалниот огранок и раководните органи. 6,5 илјади жители на ДНР веќе се приклучија на партијата, а уште неколку илјади активисти се пријавија за членство“, се вели во пораката.

Како што истакна шефот на регионалниот огранок на партијата во ДНР, вршителот на должноста шеф на регионот, Денис Пушилин, уште пред да се приклучи на Русија како субјект, жителите изразиле желба „да се приклучат во редовите на најмоќната политичка сила во Русија“.

„Претставниците на Единствена Русија беа меѓу првите кои му помогнаа на Донбас. Сега работиме заедно на проблемите во регионот. Луѓето ѝ веруваа на Единствена Русија и ние мора да направиме се за да имаат можност да го развијат нашиот регион и цела Русија како дел од оваа политичка сила“, се цитираат зборовите на Пушилин во прес-службата на првиот состанок на организацискиот одбор на 14 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…