Ќе ги пеат: ЕУ ги седнува на маса Вучиќ и Курти
Портпаролот на ЕУ, Петер Стано изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти се поканети во Брисел на дијалог на највисоко ниво, пренесува Јуроњуз.
Тој на прес-конференцијата рече дека доколку претставниците на Белград во Приштина се согласат да дојдат, средбата може да се одржи наскоро.
„Она што е ново е што ги поканивме и двајцата во Брисел за да се најде европско решение, европски излез од сегашната ситуација која е една од најсериозните од 2013 година. И тоа е целта. Како што кажав, ги поканивме во Брисел да разговараме за начин како да се најде излез. Се надеваме дека ќе можат да дојдат многу брзо, за да можеме да го решиме прашањето, пред 21 ноември, а не потоа, како што рече високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел“, рече Стано.
Стано не прецизираше датум кога Вучиќ и Курти би можеле да се сретнат, но рече дека тоа може да се случи „многу, многу брзо“ и дека целта на средбата е „да се најде европско решение“, пренесува Радио Слободна Европа.
Стано додаде дека „состаноците меѓу претставниците на ЕУ и претставниците на партиите се во тек“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…
ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…
Македонија и во најновиот извештај на Европската…
Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…
Европската комисија претстави нови насоки со кои…
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…