Ќе ги пуштат низ вода: Од Белата куќа “не се убедени” дека Украина ќе ги врати изгубените територии
Претставниците на Белата куќа „не се убедени“ дека Украина може да ги врати териториите изгубени за време на руската воена операција, објави телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори.
Сепак, американската администрација истакна дека нема намера да врши притисок врз Киев да се согласи на отстапки за Москва.
Според еден извор на Си-Ен-Ен, намалувањето на украинската територија „не е неизбежно“, но „во голема мера, ако не и целосно“, зависи од големината на помошта на Вашингтон за Киев.
Неименуван воен функционер и извор запознаен со податоците на западните разузнавачки служби изјавија дека е малку веројатно Украина „да може да ги собере потребните сили за да ја врати целата територија изгубена од Русија за време на борбите, особено оваа година“.
Соговорниците на Си-Ен-Ен признаа дека Украина може да започне „контраофанзива од големи размери“ користејќи оружје добиено од Запад, но дотогаш „Русија исто така може да има можност да ги надополни своите сили“.
Си-Ен-Ен забележува дека вооружените сили на Украина трпат големи загуби во битките во Донбас – станува збор за стотици мртви дневно и губење на воена опрема побрзо отколку што западните земји успеваат да ја испорачаат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…