Објавено на:

Ќе ги смири ли Ердоган Русија и Украина? Најавува разговори со Путин и Зеленски!

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција продолжува со своите напори за решавање на тековната војна меѓу Русија и Украина и додаде дека за таа цел наскоро ќе разговара со своите колеги од двете страни на конфликтот, јави агенцијата Анадолија.

– Со цел да се реши оваа криза, в недела ќе имам разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Исто така, ќе разговарам со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави Ердоган на „ТРТ Ворлд форум” во Истанбул.

Ердоган рече дека Турција сака дополнително да го зајакне Договорот за коридорот за жито, за кој помогна да се постигне ова лето, „и според зборовите на Путин, да се испрати храна преку овој коридор за жито во неразвиените земји”.

На 22 јули, Турција, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, кој беше запрен во февруари поради војната на Русија против Украина, потсетува Анадолија.

Неколку дена пред неговото планирано истекување, договорот за жито беше продолжен за уште 120 дена, почнувајќи од 19 ноември.

Ердоган рече дека од самиот почеток на кризата, Турција спроведува интензивна дипломатија по принципот дека нема да има победници во војната, додавајќи дека неговата земја е пионер на мировната дипломатија која ќе биде пример за светот.

„Додека силно го браневме територијалниот интегритет на Украина, ние се спротивставивме на поттикнувањето тензии во регионот со ирационални политики кон Русија”, додаде Ердоган.

Осврнувајќи се на борбата против тероризмот, Ердоган ги критикуваше оние земји – вклучително и некои членки на НАТО – кои поддржуваат и испраќаат оружје до терористичките организации во северна Сирија кои ја загрозуваат Турција, како и регионалната стабилност.

– И покрај нашите жртви, Турција никогаш нема да заборави како беше напуштена во борбата против терористичките организации кои претставуваат сериозна закана, додаде тој.

Денеска во Истанбул започна шестото издание на „ТРТ Ворлд форум”, дводневен годишен настан на кој се разговара за глобалните проблеми.

На Форумот, кој оваа година се одржува под тема „Мапирање на иднината: несигурности, реалности и можности”, се собраа академици, новинари, интелектуалци, политичари и членови на граѓанското општество од целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Подготвен сум да преговарам со Украина

Претседателот Владимир Путин вели дека Русија ќе…

ОН ја усвои руската резолуција за борба…

Генералното собрание на ОН ја усвои руската…

Ердоган му честиташе на Вучиќ за победата:…

Српскиот претседател Александар Вучиќ доби честитки по…

Трамп не е како Бајден, ќе има…

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа…

Украина нема да влезе во НАТО без…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата…