„ЌЕ ГИ СОЧУВАМЕ И РЕК БИТОЛА И ВРАБОТЕНИТЕ, А ЌЕ ГО ИЗГРАДИМЕ И ТОПЛОВОДОТ“: Промени ќе има, ама на чело на ЕСМ и на РЕК Битола, вети Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе биде назначено ново раководство на ЕСМ и на РЕК Битола.
– Лично сум фокусирам во изборот на кадри во РЕК Битола бидејќи го знам комбинатот и го знам поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, така што многу скоро од денеска ќе имаме ново раководство во рамки на ЕСМ и во рамки на РЕК Битола – рече премиерот во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Битола.
Во однос на изградбата на топловодот за Битола, Мицкоски изјави дека топловодот ќе биде изграден и дека нема да биде затворен РЕК Битола, бидејќи без неговата работа не може да функционира топловодот.
– Имаме план како тоа да го реализираме. Топловодот ќе се изгради и ќе се пушти во употреба. Имаме намера сето она што тие го потпишале, а кое е штетно за битолчани, да го поништиме и да вложуваме во иднината на овој регион. Нема да водиме лицемерна политика – од една страна да го затвораме РЕК Битола и да оставаме илјадници луѓе на улица, а од друга страна да трошиме повторно пари на граѓаните и да градиме топловод којшто кога би се затворил РЕК Битола, ќе нема ресурси од каде да се затоплува Битола. Ќе го сочуваме РЕК Битола и ќе го изградиме топловодот – рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влегол кај деканот, оставил писмо со закани…
Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина…
Белата куќа бара нови опции за напад…
Белата куќа побарала од Пентагон да разработи…
ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203…
Возач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки…
(Видео) Француски градоначалник застана како „жив штит“…
Додека масовните протести поради условите во училиштата…
Владата го усвои Предлогот за измени и…
Денеска на седница го разгледа и усвои…