Ќе го обвиниш Груевски и стануваш шеф на обвинителство: Гаврил Бубевски е новиот главен обвинител во скопското Јавно обвинителство

t

Поранешниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство. Советот на јавните обвинители го избра денеска на седница на која избра уште неколкумина обвинители на испразнети места.

Во соопштението по седницата што го објавија од Советот на нивната веб страница, стојат само имињата на новоизбраните, но нема образложение за одлуката.

Бубевски, кој се споменуваше и како можен наследник на Јовески на местот државен обвинител, стана познат на македонската јавност по неколкуте случаи што ги застапуваше како обвинител во СЈО.

Меѓу нив се „Насилство во Општина Центар“ во кој екс премиерот Никола Груевски беше осуден на година и пол затвор, пресуда што во ноември ја потврди и Апелација. Бубевски ги застапуваше и случајот Монструм во повторената постапка, како и Титаник 3 во кој се обвинети функционерите од ДУИ Ејуп Аљими и Исмет Гури… Овој случај падна на Апелација, и ќе почне од почеток.

Инаку, скопското обвинителство остана без шеф откако Сашо Рајчев во април лани беше избран за виш обвинител. За в.д јавен обвинител на Скопското обвинителство беше назначена Елизабета Павловска која исто како и обвинителот Ермон Незири, беа во трката за шеф на Скопско обвинителство.

Уште еден поранешен колега на Бубевски, од сега згаснатото СЈО, обвинителот Стевчо Донев, заминува во штипското обвинителство. Познат е по тоа што ги водеше случаите Тендери и Триста.

Советот на јавните обвинители го избра и обвинителот Бесир Алиу за шеф на ЈО Тетово. Алиу е еден од обвинителите кои ја водат истрагата за пожарот во тетовската модуларна Ковид болница.

Иако се пополнуваат позиции во обвинителствата, главна забелешка на Советот на ЈО во изминатиот период беше дека кадар недостасува во најголем дел од обвинителствата во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Осуден за “Монструм” се појави на телевизија:…

Фејзи Азири еден од осудените во случајот „Монструм“,…

БРУКА! Ковачевски и СДСМ ќе поднесуваат амандмани…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од собраниската говорница…

Ќе се регулира распределбата на предмети во…

Министерството за правда најави дека ќе се…

Врховен ги потврди доживотните затворски казни за…

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот…