Ќе го огрее ли Вардар конечно сонце!? ,,Станува збор за многу моќна и сериозна компанија oд Унгарија”
Унгарците после празниците ќе дојдат на завршни преговори во исчекување на официјализација на џиновската инвестиција и конечно после долги, тешки и неизвесни денови, Вардар да го огрее сонце или поточно кажано да го види сонцето, кое го нема видено веќе неколку години.. Изгледа чудно и неверојатно, но симболот на Градот и на Македонија, неколку години служи за собирање на политички поени и ништо друго. Се надеваме дека во блиска иднина ова се ќе се смени и во Вардар ќе почне да тече чиста и бистра вода!
„Станува збор за многу моќна и сериозна компанија. Знаете дека унгарскиот фудбал има многу голем напредок, но Унгарците имаат сериозни инвестиции и во регионов, пред се во ТСЦ во Србија и Осиек во Хрватска. Станува збор за инвестиции од десетина милиони евра во тренинг-комплекс со стадион во Србија, триесетина милиони во Осиек. Оваа компанија е еден гигант, која сака сериозно да инвестира и да го крене Вардар на многу високо ниво, да биде редовен учесник во групи во Европа. Можеби тоа нема да биде ЛШ, ама Конференциска лига, па и зашто да не Лига Европа. Не сакам сега да посочувам поголеми детали, тие треба да дојдат тука да имаме низа состаноци да финализираме се и се надевам дефинитивно ќе се заврши работата, а што планираат и како планираат и кои им се целите сами ќе си ги кажат“, вели Крстевски.
– Целата статија прочитајте ја ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…