Објавено на:

Ќе има ли амфибиска операција на САД во Иран: Бродови со маринци и Ф-35Б отвораат можност за десантни операции

t

Амфибиската група „Макин Ајленд“, со 13-тата експедициска единица на маринците, тргнала кон Блискиот Исток, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски функционер.

Бродовите ја напуштиле поморската база во Сан Диего во понеделникот, на 28 септември. Според „УСНИ њуз“, групата ја сочинуваат амфибискиот јуришен брод УСС „Макин Ајленд“ и двата амфибиски транспортни брода УСС „Енкориџ“ и УСС „Џон П. Мурта“. Претставник на американската морнарица го потврдил нивното испловување.

Ваквата експедициска единица вообичаено брои околу 2.200 маринци и морнари, покрај приближно 2.000 членови на бродските екипажи. Нејзиниот состав вклучува пешадиска десантна единица, логистичка поддршка и воздухопловни сили со ловци Ф-35Б „Лајтнинг II“, летала МВ-22Б „Оспри“ и јуришни хеликоптери АХ-1З „Вајпер“. Точниот број на ангажираните Ф-35Б не е наведен во извештајот на „УСНИ њуз“.

Во месеците пред испловувањето, маринците и бродовите одржувале заеднички вежби покрај брегот на Калифорнија. Меѓу нив биле и тренинзи за префрлање сили од брод на копно, што е една од основните способности на оваа формација.

Распоредувањето отвора можност за операции на брегот, но не потврдува одлука за десант во Иран. Во воена смисла, ваквата група може да обезбеди сили за ограничени амфибиски операции, евакуација или заштита на американски персонал. Нејзиното присуство би му дало на Вашингтон дополнителни оперативни опции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…

Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…

Масовни протести во Франција, запален и еден…

Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…

Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…

За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…

МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…

Според информациите од МВР, помала група припадници…